Македон освои два златни медали на Германската математичка олимпијада

Младиот македонски математичар Македон Димитровски оствари импресивен резултат на Германската математичка олимпијада, каде што освои два златни медала и се најде меѓу најуспешните натпреварувачи на престижниот меѓународен собир.

Како признание за неговиот настап, тој беше вклучен и во престижната група лауреати – статус што им припаѓа само на натпреварувачите со највисоки достигнувања на олимпијадата.

Информацијата за успехот ја сподели неговиот татко Владимир Димитровски, кој истакна дека станува збор за резултат што е плод на талент, труд и посветеност.

„Со своите блескави резултати, Македон беше прогласен и во престижната група на лауреати — признание резервирано само за најдобрите од најдобрите. Овој неверојатен успех е доказ за врвен талент, огромна посветеност и достојно претставување на Македонија на меѓународната сцена. Честитки, Македон! Ти си наша гордост, инспирација и вистински шампион“, напиша тој.