СДСМ: Мицкоски однапред си бара алиби за неуспехот со реформите во јуни

Прес конференција на СДСМ, Наташа Поповиќ – членка на Извршниот одбор:

Христијан Мицкоски повторно ја најавува својата веќе препознатлива стратегија: кога во јуни ќе стане јасно дека нема никаков напредок во реформите, виновник да биде СДСМ, наводно поради „блокада“ на Изборниот законик.

Ова е уште една класична лага на Мицкоски.

Вистината е едноставна: ВМРО-ОКГ има апсолутно мнозинство во Собранието и може самостојно да донесува закони.

Сега вели „консензус“. Требаше консензус за техничката влада па на сила и шверцерски ја изгласа без никаков консензус.

Како што без консензус и без поддршка од СДСМ ја укинаа техничката влада, така можат да го донесат и Изборниот законик.

Advertisements

Не им треба СДСМ за закони – им треба изговор за сопствениот неуспех.

Мицкоски пред граѓаните помпезно ветуваше дека „наскоро од Брисел ќе стигне вест дека сме рамо до рамо со Црна Гора“.

Уште пред да дојде јуни, од вчера веќе подготвува алиби зошто тоа нема да се случи.

Затоа што нема да ги исполни обврските.

Нема да ги внесе малцинствата во Уставот, нема да ги затвори осумте клучни реформски точки и нема да ги реши проблемите што самиот ги продлабочи: криминал, корупција, партизација на институциите и контрола врз судството и обвинителството, како и медиумско влијание преку мрежите на Орбан.

Ова е истата матрица на лаги што Мицкоски ја користи со години.

Лажеше за враќање на името, лажеше за поништување на Преспанскиот договор, лажеше за „трета економија во Европа“.

Сега подготвува нова лага – дека СДСМ е виновен за неговиот неуспех.

СДСМ нема да дозволи да биде вовлечен во ова сценарио на алиби и манипулации.

Мицкоски може да продолжи да ветува, да бега од одговорност и да бара виновници.

Но граѓаните јасно гледаат: единствениот кој ја блокира Македонија на патот кон Европа е токму тој – Мицкоски и неговата политика на криминал и корупција.