Битолски бизнисмен се обидел физички да се пресмета со советници од Советот на општината

Вчеравечер во 21.20 часот во угостителски објект во Битола, полициски службеници од СВР Битола ги приведиле А.Т.(48), А.Т.(26) и М.Т.(27), сите од Битола, затоа што се однесувале агресивно кон советници од Совет на општина Битола и се обиделе физички да нападнат дел од нив.

Како што соопштуваат од МВР, тие ее однесувале агресивно и кон полициските службеници службеници кои извршувале службени дејствија.

Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање нас случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Advertisements

Како што пренесува битолскиот портал „Апла“, претседателката на Советот, Габриела Илиевска открила дека станува збор за познат битолски бизнисмен, кој упатил закани по живот кон неа и кон десеттината други битолски советници, со кои во кафеана на Широк Сокак, вечерале заедно по изгласувањето на буџетот на Општина Битола.

Бизнисменот дошол со уште тројца млади момци, најверојатно двајцата негови синови и уште еден непознат за присутните и упатиле вербални закани по живот не само кон претседателката на Советот туку и кон сите останатите советници.