Актерот Џереми Ли Ренер е тешко повреден во несреќа при чистење снег за време на викендот и е во „критична, но стабилна состојба“.
Порталот„Дедлајн“ објави дека Ренер со хеликоптер бил префрлен во болница.
– Можеме да потврдиме дека Џереми е во критична, но стабилна состојба поради повредите со кои се здоби додека чистеше снег – изјави извор за „Холивуд репортер“.
Не е познато како дошло до несреќата, но портпаролот на познатиот актер истакнал дека е згрижен, и дека се надева на брзо закрепнување.
51-годишниот актер во текот на својата актерска кариера беше номиниран за два Оскари, за настапите во „Катанец за болка“ и „Град на крадците“.
Улогата на суперхеројот Клинт Бартон, познат и како „Јастреб“, во филмовите на Марвел и улогата во филмската франшиза „Невозможна мисија“ му донесо светска слава.
Џереми има неколку расчистувачи за снег на својот ранч. Тој и на Инстаграм објавуваше фотографии како ѝ помага на локалната противпожарна станица да се справи со невремето.
View this post on Instagram