Сода бикарбона – моќна состојка која сите ја имаме дома

Содата бикарбона се користи уште од античко време како една од најчесто користените состојки, која има широк опсег на употреба – од хигиена, преку помошно здравствено средство, до дезинфекција на телото.

Моќно средство за дезинфекција

Содата бикарбона е ефикасно средство за избелување на забите. Направете паста од една лажичка сода бикарбона и вода. Мијте ги забите со пастата еднаш неделно и оставете ја пастата да отстои на нив пет минути, а потоа исплакнете со вода.

Advertisements

Оваа состојка е исто така еден од најдобрите начини за отстранување на денталниот плак. Миењето на забите со сода бикарбона, додавањето во пастата за заби или потопувањето на четката во сода бикарбона еднаш неделно ќе ги зајакне забите и ќе ја дезинфицира усната шуплина.

Сепак, не смее да се користи секојдневно, бидејќи прекумерната употреба на сода бикарбона може да ја уништи забната глеѓ.

И непријатниот здив може да се реши, освен ако не е резултат на посериозна состојба: исплакнете ја устата со раствор од вода и сода бикарбона три минути, а потоа исплакнете, без голтање.

Третман на рани во устата

Афтите се болни рани кои се развиваат во слузницата на устата или непцата. Дезинфекцијата на усната шуплина и намалувањето на наслагите на забите со плакнење со сода бикарбона помага и во лекувањето на рани.

Секако, доколку раните не исчезнат, посетете стручно лице, бидејќи може да се работи за посериозен проблем со оралната хигиена или пад на имунитетот.

За проблеми со варењето на храна

Кај проблеми со варењето на храната во желудникот или пак нејзино враќање во хранопроводот, може привремено да се смират со сода бикарбона.

Ако чувствувате киселини, растворете половина лажичка сода бикарбона во две чаши вода и пијте полека. Ќе помогне привремено, но не смее да стане навика.

Не јадете премногу оброци и намирници кои ве мачат, а доколку симптомите не исчезнат и го попречуваат секојдневното функционирање, обратете се кај вашиот лекар.

Отстранување на бактерии и габи

Сода бикарбона има антибактериски и антигабични својства. Може да се користи како помош за борба против бактериите и габите кои предизвикуваат инфекции на ноктите и кожата.

Сода бикарбона за убава коса

Кога се додава во шампон, особено ако е неутрален и без парабен шампон, сода бикарбона ќе придонесе за потемелно чистење на косата. Ќе ја отстрани нечистотијата и маснотиите.

Додадете една лажичка сода бикарбона во вашиот шампон, втријте ја во косата и исплакнете.

Повеќе енергија за тренинг

Конзумирањето малку раствор од сода бикарбона пред вежбање може да ги подобри севкупните психофизички перформанси, особено кај спортистите. Исто така, помага да се намали заморот за време и после тренинг.

Поради високата pH вредност, го намалува нивото на млечна киселина во мускулите за време на тренинзите со висок интензитет. И тука важи правилото дека тоа не смее да стане рутина.

Сода бикарбона како дезодоранс

Како природен дезодоранс, сода бикарбона може да се користи за да се спречи и елиминира мирисот на пазувите и нозете. Земете една лажица сода бикарбона, додадете вода и добро измешајте за да направите паста. Нанесете ја пастата под пазувите и на стапалата.

Додадете три лажици во легенот и направете купка. Потопете ги нозете во растворот пет минути. Ако чевлите ви „собрале“ непријатен мирис, направете газа кесичка со сода бикарбона и ставете ја во чевлите. Мирисот ќе исчезне по кратко време.

Помош при каснување од инсекти

Доколку ве касне некој инсект, можете да нанесете малку паста од сода бикарбона и вода. Оставете да се исуши, исплакнете и повторете ако е потребно.

Меѓутоа, ако сте алергични на убоди и се појави реакција, веднаш побарајте лекарска помош.

Отстранување на пестициди од прехранбените производи

Современиот зеленчук и овошје се прскаат со хемикалии за да се спречат инсектите и штетниците и болестите што ги носат. Повеќето од овие хемикалии се штетни за здравјето и треба да се отстранат пред јадење.

Миењето на овошјето и зеленчукот со сода бикарбона ги отстранува остатоците од пестициди на површината.