Нови повисоки цени на горивата од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) донесе одлука цената на горивата од ноќеска на полноќ да се зголеми за 1,5 до два денари за литар .

Зголемувањето на малопродажните цени на нафтените деривати во просек е за 1,68  отсто.

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,5, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за два денари за литар. Па така ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе се продава за 79 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе чини 81, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V), пак, 81,5, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) 80 денари за литар. Со одлуката на РКЕ за 0,062 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 40,655 денари.

Advertisements

Според РКЕ референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 5,153 отсто, кај дизелот за 2,83, кај екстра лесното масло за 3,424 и кај мазутот за 0,596 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,334 отсто.