Двајца пратеници на Европскиот парламент осомничени за корупција, ќе им се одзема имунитетот

На барање на белгиското правосудство, Европскиот парламент ја започна процедурата за одземање на имунитетот на двајца пратеници кои се под истрага за корупција поврзана со работите на ЕУ и Катар.

По барање на белгиските правосудни органи, претседателката на Европскиот парламент Роберта Мецола покрена итна постапка за одземање на имунитетот на двајцата пратеници.

Advertisements

„Нема да има неказнивост. Нема такво нешто“, објави Мецола на својот Твитер профил.

Прес-службата на Европскиот парламент не ги објави имињата на двајцата европски пратеници за кои ќе се одлучува, но според Асошиетед прес, кој се повикува на два анонимни извори запознаени со случајот, станува збор за италијанецот Андреа Козолино и белгиецот Марк Тарабела, членови на пратеничките групи на социјалистите и демократите.

Тарабела, чија куќа беше претресена минатиот месец, ги отфрли обвинувањата, рече дека апсолутно ништо не крие и дека има намера да одговори на сите прашања на истражителите.

Коцолино минатиот месец изјави за италијанските новински агенции дека не знаел дека е под истрага.

„Немаше претрес, ниту мојата канцеларија беше запечатена“, рече тогаш Козолино.