Уникатна венчавка во БиХ – невестата фатила корона, па го пратила брат ѝ да каже „да“

Босанските медиуми пишуваат за необична венчавка која се случила за време на пандемијата од коронавирисот во Босна и Херцеговина.

Во местото Босанска Градишка, Република Српска при склучувањето на еден брак, наместо невестата, како полномошник бил присутен нејзиниот брат.

Ова се случило во 2021 година бидејќи невестата не можела да дојде од странство поради пандемијата на коронавирус, пишува „Дневни аваз“, а пренесува „Н1 Загреб“.

Advertisements

Оваа информација ја потврдила Божана Глувиќ, раководителка на тамошното градско одделение за општа администрација.

Со законот за семејство на РС е регулирано дека надлежниот општински орган може да дозволи склучување на брак и само во присуство на еден од брачните другари.