Пекарата од Ваљево „Мала Шумадија“ ги собра сите пофалби на социјалните мрежи во Србија, откако објави дека ќе им подари килограм печење на сите оние кои не можат да си дозволат печено месо за божикните празници. Самохраните мајки имаат предност, велат од познатата пекара.
„Драги наши потрошувачи и оваа година донираме печење за оние кои не се во можност да купат. Секој што сака бесплатно печење (максимум 1 кг) може да не контактира или да дојде во ресторанот. Предност имаат самохраните мајки“, се вели во објавата на Фесјбук.
Овој несекојдневен потег на пекарата доби безброј пофалби од граѓаните, кои се воодушевени, што, како што коментираат, во ова „одвратно време“ има добри луѓе.
„Господ ќе ве награди со добро повеќекратно.Честитки за добрата и хумана одлука“, пишува во коментарите.