Расте воената моќ на Македонија – За една година скок од 27 места на глобално рангирање на воените сили во светот

Веб-страницата Global Firepower (GFP) објави ранг листа на нации според степенот на моментално достапна воена моќ, на која Македонија се најде на 108 место, што е напредок за 27 места на листата, споредено со минатата година кога државата се најде на 135 место.

Од соседните земји најдобро пласирана e Србија на 58 место, Хрватска е на 69 позиција, Црна Гора на 128 место, Босна и Херцеговина на 133 место, додека Косово, кое исто така е вклучено на листата, го зазема 134. место и е на дното на листата.

Конечното рангирање на Global Firepower користи преку 60 поединечни фактори за одредување на огнената моќ на одредена нација, со категории кои се движат од број на војници и финансиска состојба до логистички способности и географија.

Advertisements

Трендовите не укажуваат нужно на опаѓање на моќта, бидејќи промените во формулата GFP исто така може да го објаснат резултатот. Вкупно 145 светски сили се разгледуваа за прегледот на GFP во 2023 година.

На прво место се Соединетите Американски Држави, а потоа Русија. Според индексот, Кина е на трето место, Индија е четврта, додека Велика Британија е на петто место, покажуваат податоците на веб-страницата Global Firepower.