(ВИДЕО) Жестока битка за Соледар и Бахмут – „Целото тло е покриено со трупови на руските сили“

Претседателот на Украина, Володомир Зеленски во своето последно видео обраќање изјави дека руските сили своите најголеми напори ги имаат насочено на Соледар, каде целото тло е покриено со трупови на руските сили.

„Исклучително е тешко – таму речиси и да нема цели ѕидови… Благодарение на непоколебливоста на нашите војници таму, во Соледар, освоивме дополнително време и дополнителни сили за Украина“, рече Зеленски.

Според него, во Соледар се е целосно уништено, речиси и да нема живот, а руските сили изгубиле илјадници луѓе, притоа навдувајќи дека „целото тло кај Соледар е покриено со трупови“ на руските сили.

Advertisements

Тој додаде дека резултатот од оваа тешка и долготрајна битка сепак ќе биде ослободување на целиот Донбас.

Во видео обраќањето, Зеленски им се заблагодари на сите украински војници кои го бранат Бахмут и на оние кои се спротивставуваат на новите и уште посилни напади на руските сили во Соледар.

„Вака изгледа лудилото“, изјави украинскиот претседател.

Заменик-министерот за одбрана на Украина, Хана Маљар, вчера изјави дека Русија повторно жестоко ги напаѓа Соледар и Бахмут.

По неуспешниот обид да го заземе Соледар и да се повлече, непријателот ги прегрупирал силите, ги надополнил единиците, ангажирал нови сили, ја сменил тактиката и жестоко нападнал“, напиша Маљар на Телеграм.

Таа додаде дека во нападот на Соледар биле ангажирани најдобрите резерви на групата Вагнер.

За ситуацијата околу Соледар денас се огласи и Денис Пушилин, вршител на должноста шеф на самопрогласената Доњецка народна република, чија анексија беше објавена од Русија, кој изјави дека наскоро руските сили ќе ја преземат контролата над вој град.

„Блиску сме руските војници да ја преземат контролата над Соледар, „борбите се водат во западниот дел на градот“ тврди Денис Пушилин,

Соледар се наоѓа во близина на Бахмут, важен транспортен центар. Низ тој град минува мрежа од патишта и железници преку кои се снабдуваат украинските војници во Донбас.