Најмалку 40 лица загинаа при уривање на авион на „Џети ерлајнс“ во Непал, изјави претставник на воздухопловството, пренесе Ројтерс.
„Спасувачките операции се во тек. Времето беше ведро“, изјави Јаганат Нирула, портпарол на непалската цивилна авијација.
Локалната телевизија покажа густ црн чад видлив на местото на несреќата додека спасувачите и групи луѓе се собраа околу урнатините.
#Nepal ATR-72 aircraft #crash kills all 72 passengers onboard including 5 Indians. Dearth of investment in new aircrafts, poorly trained pilots and world’s toughest terrains have taken hundreds of lives in past decades. #NepalPlaneCrash pic.twitter.com/JKV2y7m2jB
— Kumar Saurabh Singh Rathore (@JournoKSSR) January 15, 2023
Во авионот на „Џети ерлајнс“ се наоѓале 72 лица, меѓу кои две деца, четворица вработени и 10 странски државјани, изјави портпаролот на компанијата Сударсан Бартаула.
Стотици спасувачи го пребаруваат местото на несреќата.
???At least 40 people were killed after a passenger airplane with 72 people on board crashed near Pokhara International Airport in Nepal on Sunday (January 15). : It was a Yeti Airlines flight. Rescue operations were still underway at the time of the https://t.co/omzN5k6nzA pic.twitter.com/6Y2P4ujLOy
— ?World News 24 ??? (@DailyWorld24) January 15, 2023
Авионските несреќи не се невообичаени во Непал, наведува Ројтерс.
Непалскиот премиер Пушпа Камал Дахал свика итна седница по несреќата, се вели во официјалното соопштение.
На „Твитер“ кружи видео на кое, како што се тврди, снимено е самото уривање на авионот.
Shocking footage recorded near Pokhara International Airport in #Nepal shows the moment 9N-ANC, an ATR-72-500 passenger aircraft of #YetiAirlines stalled and crashed today. All 4 crew members & 68 passengers of the aircraft died.#pokharaplanecrash#NepalPlaneCrash pic.twitter.com/Pjx3NjK1oU
— Babak Taghvaee – The Crisis Watch (@BabakTaghvaee1) January 15, 2023