Излезе химната на светското првенство во Катар ВИДЕО

Химната на Светското првенство во фудбал под назив „Tukoh Taka“ во изведба на американската раперка Ники Минаж, либанската пејачка и актерка Миријам Ферс и колумбискиот пејач Малума е објавена на јутјуб-каналот на ФИФА.

Оваа песна првпат во историјата на првенствата е отпеана на три јазици: англиски, арапски и шпански.