Две мајки од Скопје го пријавиле тренерот по карате во полиција – им покажувал безобразни фотографии на девојчиња

Министерството за внатрешни работи информира дека синоќа во 22 часот бил пријавен карате тренер во полиска станица во Скопје затоа тоа што им покажувал експлицитни фотографии на малолетнички.

„На 16.01.2023 во 22.00 часот во полициска станица во Скопје две скопјанки, на возраст од 38 и 41 година, пријавиле дека за време и после тренинзите во карате клуб кои се одржувале во  сала на подрачјето на Скопје, на нивните две малолетни ќерки од страна на тренерот им биле покажувани фотографии со експлицитни содржини и од нив барал да фотографираат друга малолетничка“.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Advertisements