Македонците од „Илинден“ – Тирана истераа правдина – ја избришаа Северна

Централната изборна комисија по реакцијата на македонското друштво „Илинден“-Тирана го коригира плакатот и сега стои македонското национално малцинство, објавија Македонците во Албанија на Фејсбук.

„По реакцијaта на Македонското друштво „Илинден”-Тирана, Централната изборна комисија го коригира постерот на македонски јазик именувајќи како македонско национално малцинство, како што официјално се признава во Република Албанија. Македонското друштво „Илинден”-Тирана упатува благодарност за брзо решавање од Централната изборна комисија“, се вели во објавата на македонското друштво „Илинден“.

Како што објавивме претходно, ЦИК за локалните избори, што ќе се одржат на 14 мај 2023 година, првпат во историјата на изборните процеси во Албанија одобри посебна програма за информирање и подигање на свеста на гласачите-припадници на националните малцинство во Република Албанија, вклучително и македонското.

Advertisements

Но, на објавениот плакат на Централната изборна комисија (ЦИК) македонското малцинство беше наведено како „национално малцинство на Северна Македонија“ што предизвика и официјална реакција на Македонците која доби позитивен одговор од Централната изборна комисија.