Затворите ни се како „хотел промаја“ – избегал уште еден осуденик

По бегството на затвореникот од затворот Идризово, овој месец се случило уште едно бегство и тоа од затворот во Шуто Оризари.

Во изјава за ТВ Алсат заменик-директорот Садуш Арифи вели дека на 14 јануари околу 17 часот избегал Нафи Абдиовски, осуден на 8 месеци затворска казна.

„Не беа направени никакви отстапки во текот на постапките од неговото доаѓање од притвор врз основа на одлуката на правосилната казна изречена од Основниот суд Скопје од 8 месеци затвор, од кои тој имаше издржано речиси 3 месеци. Врз основа на досието, од страна на класификацијата во Секторот за ресоцијализација, му бил одреден третман со група Б (полуслободно). Истото лице имало и повеќе други кривични дела во постапките во различни судови во државата“, вели  Садуш Арифи, заменик-директор на затворот Шутка.

Advertisements

Од МВР велат дека се информирани за бегството и ги преземаат сите мерки за негово пронаоѓање.