Бегалец од затворот Идризово го извршил убиството на Адвокатската улица

Кривична пријава против Ф.У. (39) од Тетово е поднесена денеска поради основано сомнение за извршено кривично дело убиство, информира МВР.

Триесет и деветгодишниот тетовец е осомничен дека на 29 декември минатата година на улицата „1737“ во центарот на Скопје со употреба на остар предмет, нож го усмртил А.Д. (64) од Скопје.

„По добиена пријава дека во напуштена куќа на улица „1737“ во Скопје било пронајдено починато лице со видливи повреди, преземени се мерки и активности од страна на полициски службеници од Единицата за насилен криминал – Одделение за крвни и сексуални деликти при СВР Скопје, обезбедени се материјални докази и утврден е идентитетот на сторителот на кривичното дело Ф.У., лице кое е осуденик кој требало да биде на издржување на казна затвор во КПУ Идризово Скопје, но во тој период бил во бегство. Ф.У. е приведен од полициски службеници од СВР Скопје и спроведен во КПУ Идризово, а во службен разговор го признал делото“, велат од МВР.

Advertisements

На 30 декември пред Нова година во утринските часови во напуштена куќа во близина на Адвокатската улица во центарот на Скопје беше пронајдено починато лице со видливи повреди.