Во терористички напад недалеку од синагога во Ерусалим загинаа најмалку седум лица, а десет се повредени.
Според првичните информации, напаѓачот пукал во група верници во близина на синагогата пред да биде неутрализиран.
Тој со бел автомобил дошол до влезот на синагогата и отворил оган неселективно. Потоа побегнал во правец на палестинската населба Беит Ханина, оддалечена околу еден километар.
Shots fired in Jerusalem. #Jerusalem #Israel pic.twitter.com/ny5RqA2Zzr
— (((Tendar))) (@Tendar) January 27, 2023
Напаѓачот е убиен откако отворил оган кон полицијата додека се обидувал да избега пеш.
Тројца тешко повредени се префрлени во болницата Хадаса на планината Скопус. Меѓу нив има 20-годишен млад маж кој е во тешка состојба и 14-годишно момче, како и 60-годишна жена.
Absolute carnage, massacre. Bodies of Israelis lying on the ground, murdered by Palestinian terrorist tonight, as they were attending Shabbat prayers in #Jerusalem. pic.twitter.com/9LiYeCUxye
— Arsen Ostrovsky (@Ostrov_A) January 27, 2023
Некои тела на убиените се уште не се преместени од местото на нападот.
„Видовме една жена и четворица мажи како лежат на улица. Тие беа застрелани со огнено оружје. Тие не дадоа знаци на живот и моравме да констатираме смрт на лице место“, изјави докторот Фади Декидек.
Полицијата го пронашла оружјето. Се трага по можни соучесници на напаѓачите.
7 killed, 10 injured in synagogue terror attack in #Jerusalem ??
Paramedics have arrived onto the scene and began providing treatment to those injured. pic.twitter.com/CAH9Paiv1B
— Israel Foreign Ministry (@IsraelMFA) January 27, 2023