Важно е што српската страна конструктивно пристапи кон европскиот план за договор со Косово, во крајна линија тоа ќе влијае на брзината со која Србија се приближува кон Западот, изјави американскиот амбасадор во Србија, Кристофер Хил во интервју за телевизија N1.
„Србија веќе одлучи да се сврти кон Западот и мислам дека е фрустрирачки за многу Срби што процесот трае толку долго“, вели Хил.
„Се надевам дека резултатот од сето ова ќе биде многу подобро, побрзо темпо (на европската интеграција)“, рече американскиот амбасадор.
На прашањето зошто европскиот предлог е таен, тој рече дека нема да го нарече тајна, туку нешто што спаѓа во традиционалните дипломатски канали.
„Ако се обидете да се занимавате со дипломатијата преку медиумите, ќе има многу недоразбирања“, рече тој и додаде дека сметам за таквите работи треба да се разговара исклучиво на маса.
На прашањето дали Александар Вучиќ ќе ја „премине линијата“ доколку ја открие содржината на предлогот на претстојната собраниска седница, тој одговори дека тоа е „хипотетичко прашање“, но дека е потребна голема дискусија во парламентот.
„Да заклучам, сметам дека е соодветно планот да се расправа во собранието, но оставам на другите да одлучат што треба да се обелодени, а што не“, рече амбасадорот.
Тој, исто така, рече дека Србија „се држи до својата политика кон санкциите против Русија подолго отколку што руската армија се држи до Керсон“.
„Прашањето за односите на Србија со Русија – можете да видите дека од ден на ден слабее. Се гледа дека има се поголем интерес за соработка со ЕУ и поголем интерес за соработка со нас“, рече Хил.