(ВИДЕО) Ледена доба во САД – измерени рекордни минус 77 степени

Соединетите Американски Држави(САД) се соочуваат со рекордно ниски температури и до минус 77 степени Целзиусови и најстуден ветер кој некогаш е забележан.

Овој леден бран моментално погодува околу 100 милиони луѓе, а властите предупредуваат дека смрзнатини може да се појават за помалку од 10 минути.

Од понеделникот поради екстремно ниските температури настрадаа најмалку 11 лица.

Advertisements

Имаше осум смртни случаи во Тексас, два во Оклахома и еден во Арканзас.

Повеќе од 250.000 луѓе останаа без струја во петокот вечерта во Тексас, Арканзас, Мисисипи, Тенеси и Њујорк. Во Бостон беше прогласена вонредна состојба поради студот, а државните училишта беа затворени, како и во блиските Ворчестер и Бафало во Њујорк.

Во Њујорк, каде е измерена температури од минус 23 степени Целзиусови, донесе вонредна уредба со која на бездомниците им се дозволува да одат во кое било засолниште за да се заштитат од студот.

Ниските температури ги зафатија и средните западни американски држави Мичиген, Висконсин, Индијана, Илиноис и Охајо.