Адвокатот на приведените Бугари тврди дека биле тепани во полициската станица во Крива Паланка

Тројцата Бугари приведени на македонскиот пункт „Деве Баир“ 6 часа биле држени со лисици на рацете и биле тепани, изјави нивниот адвокат, пренесуваат бугарските медиуми.

„Тројцата Бугари од партијата „Вазраждане“ кои беа приведени во саботата напладне на македонскиот граничен премин-Деве Баир 6 часа биле држени со лисици на рацете во полициската станица Крива Паланка. Биле тепани, по полноќ биле пуштени, откако платиле вкупно 1.700 евра со судски трошоци, изјави нивниот адвокат кој има канцеларија во Ќустендил.

Двајца од нив биле и претепани, додаде тој,„ пренесува БНР.

Advertisements

Адвокатот на тројцата приведени од партијата „Вазраждане“, пишуваат медиумите во Бугарија, откако двапати отишол во Крива Паланка како нивен браните тие биле ослободени по полноќ и се вратиле дома по 1 часот преку граничниот премин Гуешево, при што требало да платат вкупно 1.700 евра – казна од 300 евра по лице и 800 евра судски трошоци.

Ним им е забранет влез во Македонија во период од 3 години.