(ВИДЕО) Апокалиптичен земјотрес во Турција и Сирија – неколку стотици загинати и огромна материјална штета

Земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала го погоди рано изутринава јужниот дел на Турција и соседна Сирија, при што загинаа повеќе од 500 луѓе, соопштија властите на двете земји, додавајќи дека предизвикал и голема материјална штета.

Најмалку 284 луѓе загинаа, а повеќе од 2.300 се повредени во Турција, изјави потпретседателот на земјата Фуат Октај.

Во Сирија загинаа најмалку 237 лица, а 639 се повредени, јави сириската државна новинска агенција САНА, повикувајќи се на претставник на Министерството за здравство.

Advertisements

Вкупниот број на загинати во Турција и Сирија сега е најмалку 521.

Според Сеизмолошкиот институт на САД, земјотресот се случил во 4 часот и 17 минути по локално време, на длабочина од 17,9 километри.

Епицентарот на земјотресот бил во областа Пазарџик, во провинцијата Кахраманмарас на југоистокот на Турција, на околу 60 километри воздушна линија од од границата со Сирија.