Над 3.700 загинати во Турција и Сирија – Ердоган прогласи седумдневна жалост

Во разорниот земјотрес што ги погоди Турција и Сирија, загинаа над 3.700 луѓе, пренесува Ројтерс.

Во Турција животот го загубија 2.300 лица, а во Сирија загинаа најмалку 1.444 лица.

Леденото зимско време ја усложнува ситуацијата за илјадници повредени и оние кои останаа без покрив над главата, а ја отежнува и потрагата по преживеани.

Advertisements

Ова е најразорниот земјотрес што ја погодил Турција од 1999 година, кога загинаа повеќе од 17.000 луѓе.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган прогласи седумдневна жалост поради катастрофалниот земјотрес кај Газиантеп, јави Анадолија.

Генералното собрание на Обединетите нации со едноминутно молчење им оддаде почит на жртвите од разорниот земјотрес во Турција и Сирија.