(ВИДЕО) Ново чудо во Турција: Девојка спасена од урнатините 248 часа по разорниот земјотрес

Турските медиуми јавуваат за уште едно чудо по 10 дена откако разорните земјотреси ги погодија Турција и Сирија.

Седумнаесет годишната Алејна Олмез по 248 часа е спасена од под урнатините во Кахраманмарас, Турција.

Болничарите, кои и дадоа прва помош на Алеј, за турските медиуми рекоа дека веќе трет ден доаѓаат во овој крај со надеж дека некој ќе извлече жив.

Advertisements

„Фала му на Бога, едно лице беше живо. Кога Алејна ја подигна ногата, го видовме нејзиното стапало.“, рекоа болничарите.

Додаваат дека девојката е во добра здравствена состојба, само има мала рана на ногата.

Повеќе од 40.000 луѓе во Турција и Сирија загинаа во земјотресите кои ги погодија на 6 февруари.