Фирмите кои добија поевтина струја од државата имаат рок уште 10 дена да ги намалат цените. Во спротивно, Владата ќе ги укине субвенциите на оние фирми кои добија поевтина струја ако во рок од десет дена не ги поевтинат производите. Според Горан Трајковски, директорот на Пазарна инспекција парите наменети за оваа мерка ќе им бидат дадени на граѓаните.
Ако не се намалат цените на процентот што е договорен помеѓу компаниите и Владата и согласно очекувањата на потрошувачите, подобро тие средства да ги дадеме на граѓаните преку различни мерки, вели и Крешник Бектеши, министер за економија.
Инспекторите постојано се на терен, па така открија многу неправилности.
Најмногу казни се изречени поради непочитување на законот за финансиска дисциплина, односно не си ги плаќале обврските кон компаниите и дистрибутерите. Затоа што не ги ограничиле маржите пазарните инспектори изрекоа 45 прекршочни платни налози.