(ВИДЕО) „Ова навистина се случува, Бајден е во Киев“ – американскиот претседател во ненајавена посета на Украина

Американскиот претседател Џозеф Бајден пристигна во ненајавена посета на Киев, соопшти Министерството за надворешни работи на Украина.

Како што објави новинарката Хана Лиљубакова на својот Твитер профил со приложено видео: Ова навистина се случува. Бајден е во Киев на плоштадот Михајловски. Со звуците на сирените за воздушен напад, тој им оддаде почит на паднатите бранители на Украина“.

По повод доаѓањето во Киев, Џозеф Бајден објави на Твитер.

Advertisements

„Како што се приближуваме до годишнината од руската брутална инвазија на Украина, денеска сум во Киев за да се сретнам со претседателот Зеленски и да ја потврдам нашата непоколеблива посветеност на демократијата, суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина“, напиша Бајден.

Тој додава дека кога Путин ја започнал својата инвазија пред речиси една година, „мислел дека Украина е слаба, а Западот е поделен. Мислеше дека може да не надживее. Но, тој не беше во право.

Во текот на изминатата година, Соединетите Држави изградија коалиција на нации од Атлантикот до Пацификот за да помогнат во одбраната на Украина со невидена воена, економска и хуманитарна поддршка – и таа поддршка ќе продолжи“.

 

Зеленски на својот Фејсбук профил објави видео од официјалниот пречек на американскиот претседател во Киев.

Министерството за надворешни работи утринава соопшти дека еден од „главните“ западни партнери на Украина се очекува да го посети Киев. Утрово, исто така, блокирани се голем број улици во главниот град, вклучително и во близина на железничката станица и амбасадата на САД, објави Украинска Правда.