(ВИДЕО) Мистериозна метална топка се насука на плажа во Јапонија

Мистериозна џиновска метална топка се насука на една од плажите во Јапонија и веднаш привлече внимание. Топката е откриена во префектурата Шизока во градот Хамацу.

Она што е познато е дека металната топка има дијаметар од 1,5 метри.

Advertisements

За ова откритие била информирана локалната полиција, а плажата била затворена. Повикани се полициски службеници обучени за пронаоѓање и деактивирање на експлозив за да помогнат во утврдувањето на содржината на металната топка.

Засега нема информации каква би можела да биде мистериозната топка, но оваа необична случка веќе послужи за шеги дека се работи за змејска топка, а се однесува на истоимениот јапонски цртан филм, потоа јајцето на Гоџила, но имало и посериозни за кои веруваат дека можеби станува збор за морска мина која испливала на површината од големи длабочини.

Исто така, постојат одредени сомневања дека можеби станува збор за метална топка која наместо боева глава била ставена во интерконтинентална балистичка ракета, со оглед на тоа што Северна Кореја веќе во неколку наврати лансираше балистички ракети, од кои некои прелетаа над Јапонија на голема височина.