Муртинец се заканувал на полицајци, доби кривична пријава

СВР Струмица поднесе кривична пријава против З.С.(34) од село Муртино, струмичко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста’’.

На 12.02.2023, пријавениот на социјалната мрежа Фејсбук објавил видео порака во која упатил закани кон полициски службеник, кој претходно презел службени дејствија против пријавениот во кривично – правен настан, соопштуваат од МВР.

Advertisements