(ФOTO) Преубавата Зулејха од „Горка земја“ ги разочара фановите – еве што и порачаа по земјотресот

Турската ѕвезда Хилал Алтинбилек, позната како турската Анџелина Џоли,иако многумина велат дека е поубава од Џоли заслужува аплауз како единствена главна актерка која остана во приказната во која се вљуби македонската публика, а која се емитуваше како серија во продолженија со наслов „Горка земја“.

Преубавата Алтинбилек четири сезони се појавуваше на малите екрани со ликот на Зулејха, кој го толкуваше во ТВ серијата, снимена во Адана, како што наведуваат турските медиуми.

Во оваа популарна серија сите 5 актери почнале да играат заедно. Освен Хилал Алтинбилек, Вахиде Перчин, Мурат Уналмиш, Угур Гунеш и Керем Алишик ја формираа силната екипа на серијата. Сепак, како што неодамна пишуваа турските медиуми, сите главни улоги, освен Хилал Алтинбилек, ја напуштиле приказната поради различни причини. Единственото име што остана до крајот на серијата беше убавицата Хилал Алтинбилек.

Advertisements

На почетокот на четвртата сезона во серијата учествуваше и Ибрахим Челиккол како главен актер и имаше многу добра изведба со ликот на Хакан, кои ѝ е добро познат на македонската публика.

Ибрахим Челиккол, исто така, придонесе многу за вниманието на публиката во минатата сезона. Сепак, актерот се збогува од серијата уште од 139-та епизода. Хилал Алтинбилек заслужува аплауз како единствена главна актерка која остана во приказната до крајот, односно до  141-та епизода.

Сепак и покрај овие убави признанија за доследноста на актерката што ја игра Зулејха, по разорниот земјотрес што ја погоди Турција, Алтинбилек  се најде на мета на Инстаграм, кога можеше да се прочита дека некои фанови не се задоволни што таа не се појавила со ниту еден коментар на поддршка за настраданите, додека другите актери јавно, на сите социјални мрежи повикуваа да им се помогне на разорените подрачја по катастрофалните земјотреси.

„Имаше голем земјотрес. Ти не сподели ништо.Немаш ли совест?“, пишува во коментар на Инстаграмот на познатата актерка.

Дали овие критики се оправдани не е јасно, затоа што екипата актери на „Горка земја“ се соочи со голема тага по смртта на една од нивните колешки која загина во земјотресот заедно со нејзината ќерка. Тие беа во голема жалост и најверојатно поради лошата вест од јавноста се повлече и омилената актерка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Hilal Altınbilek (@hilalaltinbilek)