Новак Ѓоковиќ, првиот рекет во светот и најдоминантниот тенисер во историјата на „белиот спорт“, го собори рекордот на славната Штефи Граф и со 378 недели на врвот на АТП листата стана апсолутен рекордер во тенисот.
По минатогодишните скандалозни одлуки, прво на австралијците да го депортираат, а потоа и одлуката на челниците на АТП да го „казнат“ Вимблдон со недавање поени на тенисерите за нивниот настап на овој Грен слем, со совршени настапи на почетокот на годината Ѓоковиќ успеа да се врати на самиот врв со освојувањето на титулата на Австралија опен.
Ѓоковиќ со тоа стана првиот тенисер што стигнал до првото место откако претходно беше петторангиран, со што ги надмина великаните како Пит Сампрас, Андре Агаси, Карлос Моја и младата надеж Карлос Алкараз, кој тоа го успеаа од четвртата позиција.
Но, Ѓоковиќ, што е уште поважно за навивачите, на тој начин го трасираше патот до вечноста, бидејќи се зтекна со услови да ја надмине Граф, која во исклучително богата кариера помина 377 недели на чело на ВТА листата.
Колку е ова голем успех покажуваат следните податоци – Ѓоковиќ го остави далеку зад себе Роџер Федерер, кој помина 310 недели на чело на АТП листата, а по него се Пит Сампрас (286), Иван Лендл (270), Џими Конорс (268), а најблизок активен тенисер е Рафаел Надал со 209 недели.
Меѓу играчите кои беа активни на чело на АТП караванот беа Енди Мареј (41 недела), Карлос Алкараз (20 недели) и Данил Медведев (16).