Жител на Ресен со 12,6 милиони денари остварил највисок доход од продажба на земјоделски производи во 2021 година, соопшти директорката на Управата за јавни приходи(УЈП), Сања Лукаревска, која денес на прес-конференција ги соопшти резултатите од анализата на годишните даночни пријави за 2021 година.
Анализата покажува дека највисок бруто-доход од закуп и подзакуп на имот за издавање земјиште, станови, деловни простории, превозни средства и друг вид имот, остварил скопјанец, кој во 2021 година имал доход од 37 милиони денари.
Прворангиран за остварен бруто-доход од авторски права и други стварни права во износ од 22 милиона денари, истот така е скопјанец.
По основ на право од индустриска сопственост исто така е жител на Скопје, кој остварил бруто-доход од 5,5 милиони денари.