Ракометарите на Вардар се поразени (28:22) од Партизан во четвртото коло од групната фаза во СЕХА лигата.
На натпреварот во Белград, избраниците на Владо Недановски се претставија далеку под своите можности и на крајот изгубија.
Нашите шампиони во вториот дел успеа да стигнат до ново израмнување, Талески во 41 минута се погрижи за 18:18. Но, противникот кој имаше голема поддршка од своите навивачи на трибините, повторно стекна предност со низа погодоци за 21:18.
Она што бодеше очи во текот на целиот натпревар се провокациите од навивачите на Партизан.
„Гробари“ на почетокот на натпреварот извадија грчко знаме, а потоа пак истакнаа парола скандирајќи Стара Србија, никогаш Македонија. И не застанаа, посочија дека Гоце Делчев е Бугарин, а „Комити“ дека е српско име, пишува порталот Спортмедија.