Шеснаесетгодишниот син на познатиот американски кантавтор, Бен Квелер, Доријан, загина во понеделникот во страшна сообраќајна несреќа.
Познатиот музичар ја потврди трагичната вест преку објава на Инстаграм објавена во вторник.
View this post on Instagram
„Не ми се верува дека го пишувам ова, но вистина е… Нашиот син, Доријан Зев Квелер, беше убиен вчеравечер . Имаше само 16 години и беше вистинска легенда. „Најљубезната, најнежната душа, пријател на сите“, напиша Квелер.
„Ако го знаевте, знаете. Никогаш нема да го преболиме се додека сме овде на земјата. Ве молиме, чувајте го неговиот дух жив во вашите спомени и музиката што ја направи“, напиша тој.
Бен продолжи велејќи дека е горд на својот син што тргнал по неговите стапки. Тој истакна и дека семејството е во „целосен шок“ и дека не е сигурен како ќе ја надминат оваа „катастрофа“ што ги снајде.
Бен, исто така, им се заблагодари на фановите, пријателите и најблиските за нивните „молитви и поддршка“.
Бен Квелер е во брак со Лиз Смит Квелер од 2003 година и Доријан беше нивното единствено дете.