Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе одлука со која предложи нова максимална и минимална тарифа за цената на водата во Скопје и доколку се прифати максималната, водата ќе поскапи за 29,5 денари на месечно ниво, што е зголемување за 9 отсто, а ако се прифати минималната цената би останала речиси иста, изјави првиот човек на РКЕ, Марко Бислимоски.
Тој најави дека одлукатаќе биде доставена до Водовод -Скопје чиј Управниот одбор ќе донесе заклучок за којшто ќе треба да гласа Советот на Град Скопје. Целата постапка за одлучување треба да биде завршена во рок од 150 дена.
„Постоечката цена за домаќинствата изнесува 31,87 денари. Со нашата одлука минималната тарифа предлагаме да изнесува 31,53 денари, тоа е одредено минимално намалување кое што се должи на фактот што помошта која што ќе се дава со пониска цена на електрична енергија ќе продолжи и во следниот период, а максималната тарифа изнесува 34,82 денари. Минималната тарифа е пониска од постоечката, а максималната е повисока за 9 проценти. Ако се прифати максималната тарифа може да има зголемување, притоа месечниот трошок ако се прифати максималната тарифа би значел зголемување од 29,5 денари на месечно ниво. Сметам дека 29,5 денари или 30 денари не претставува никаков проблем за претпријатијата, односно за граѓаните. Тоа се само 30 денари на месечно ниво, тоа е доколку се реши Водовод и канализација Скопје понатака и Советот да се прифати максималната тарифа“, рече Бислимовски.