(ВИДЕО) Морничава закана со смрт испратена до Лионел Меси – пукано во продавницата на сопругата

Во градот Росарио, Аргентина, денес рано наутро, рафал од куршуми бил испукан во продавница на семејството на Антонела Карузо, сопругата на Лионел Меси.

Биле испукани најмалку 14 куршуми, а напаѓачите во текот на акцијата биле на мотор.

На вреќа со јаглен била испишана порака до фудбалерот: „Меси те чекаме, Ховкин е исто така дилер на дрога, тој нема да се грижи за тебе“.

Advertisements

Пабло Хокин е градоначалник на Росарио.

Во овој момент истрагата покажува дека најверојатно станува збор за обид за изнуда на пари од Меси. Никој не е повреден за време на инцидентот бидејќи супермаркетот бил затворен во моментот на нападот.

Еден од мотивите на нападот можеби е тоа што се појави информацијата дека Меси не планира да се врати во Њуелс Олд Бојс, клубот во кој почна да тренира фудбал.