Пронајдена храна со поминат рок на употреба

СВР Куманово поднесе кривична пријава против правно лице од с.Романовце, кумановско и против Б.М.(46) од Куманово, одговорно лице во правното лице, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „производство и пуштање во промет штетни прехранбени и други продукти“.

На 01.02.2023 на ул.,,Индустриска” во Куманово, Б.М. бил сопрен од полициски службеници и при извршен преглед му била пронајдена стока која била со поминат рок на употреба.

Во содејство со Агенција за храна и ветеринарство извршена е контрола на нерегистриран магацин сопственост на второпријавеното правно лице и биле одземена стока со поминат рок на употреба.

Advertisements