(ФОТО) Плата висока, а критериуми ниски – оглас за вработување кој го насмеа целиот регион

На социјалните мрежи се споделува оглас за работа од соседна Србија кој поради својата комична димензија го збуни целиот Балкан.

Оглас за работа во пицерија во Земун во кој се бара „помошник на помошникот на помошникот на готвач“ е споделен на мрежите како потсмев, но работодавецот бара „огласот да го сфатите сериозно“. Малку е потешко кога ќе се погледнат нагласените барања, услови за работа и должности на идниот вработен за плата од 50.000 до 99.999 динари, односно од 425 евра до 851 евро.

Имено, барањата звучат прилично скромно, за почеток е важно „да се биде нормален човек“. „Доколку случајно има психички проблеми, би било пожелно да има документација за неговата медицинска историја. Пожелно е лицето да може да собира до 4 (2+2), но тоа не е неопходно. Не треба да поседувате возачка дозвола, доволно е да знаете како да се вратите дома без помош на друго лице во радиус од 3 километри од работното место. Мобилен телефон со екран на допир не е потребен, може да биде и на копчињата, се додека сите копчиња се функционални. Од јазичното познавање доволно е првото ниво на српскиот јазик, а азбуката да е делумно позната – доволни се 12-15 букви, или кирилица или латиница“, се наведува во огласот.

Advertisements