(ВИДЕО) Од ова побезобразно немам видено – Ампева за обесправените работнички

Случајот е чист, имаме докази, изјави, се должат пари, тоа го велат вештите лица, немам видено побезобразно од ова, судот е на страна на оние кои ги кршат законите, вели Кристина Ампева, активистка за остварување на правата на работниците од текстилната, кожарската и чевларската индустрија и претседателка на здружението „Гласен текстилец“ откако судот донесе одлука која е во корист на газдите кои, како што објавивме претходно, барале правда поради неисплатените плати.

Наместо да добијат по 130 илјади денари за 3 неисплатени плати и придонеси, 70 поранешни работнички на текстилна фабрика од Кавадарци ќе треба да платат 20 илјади евра за судски трошоци.

„Работниците се оштетени, а правниот систем не ги штити“, вели Ампева.

Advertisements

Очигледно е дека криминалците и газди кои ги злоупотребуваат работниците се истакнати „чесни” луѓе и се на слобода, влакно не им фали, а работниците граѓани од втор ред, со немање на пристап по правда и пресуда од кавадаречкиот суд кој налага судски и адвокатски трошоци од 20.000 евра и кусур, работниците да ги платат иако се оштетени со три плати , придонеси и останати парични побарувања од конфекција СОНИ. Срамно. Ама сега ние ќе следиме понатамошна постапка и ќе има соодветни кривични пријави за оние кои зорле ги прават фирмите неликвидни, отвараат нови и никој не им застанува на патот на крималното работење“, вели Ампева во својата реакција на Фексбук.