Герасимос-Јасон Георгиадис од Волос 20-годишнo момче, студент се бори да остане во живот по трагедијата во Грција, пишува грчкиот портал Демократија.
Младиот студент, како што пренесува грчкиот медиум, е единствениот патник кој за чудо бил спасен од фаталниот прв вагон на возот-убиец, бидејќи бил исфрлен од прозорецот и избегал од експлозијата и последователниот пожар.
„Сепак, ударот на земјата му нанел сериозни повреди на главата и поради оваа причина тој веќе има две операции. Лекарите вложуваат титански напори да го спасат и тој цврсто и храбро се бори на Одделот за интензивна нега да се одржи во живот“, наведува Демократија и во детали раскажува што се случило кобниот ден,
Герасимос – Јасонас се качил на возот во Лариса и само неколку минути подоцна се случило најлошото. Тој патувал кон Солун, каде што студирал.
„Ова е одлично дете, многу сакано, одлично во своето училиште, играч и завршен ученик по гитара. За ова повеќеталентирано дете се моли дење и ноќе не само неговиот народ, туку и целиот свет. Ако преживее, ќе биде зрак надеж среде црната заднина на смртта. Неговото големо семејство е едно од најпознатите и најсаканите во Волос, вели новинарот на Демократија.
Таткото на Герасимос е поранешен пилот, еден од најспособните, човек кој го посветил својот живот на својата земја. Тој не можеше ни да замисли, пишува Демократија, дека нема да може да го заштити своето дете ни на патување со воз… Молитвите на сите се со младиот студент и за сите повредени кои жестоко се борат. Се надеваме дека ќе успеат, пишува грчкиот портал.