Почина сестрата на Саманта Фокс – поранешната манекенка и пејачка минува низ тешки моменти

Саманта Фокс важеше за една од најпосакуваните жени на светот, а сега минува низ многу тежок период во животот.

Имено, нејзината сестра Ванеса починала од срцев удар, пишува „Мирор“.

Ванеса колабирала во својот дом во северен Лондон, по што била пренесена во болница.

Advertisements

Тоа се случило пред девет дена и семејството верувало дека ќе успее да преживее, што, за жал, не се случи.

„Сем би сакала да им се заблагодари на прекрасните лекари и медицински сестри за нивната грижа и поддршка. Таа и нејзиното семејство во овој момент бараат приватност“, изјави претставникот за медиумите на Саманта за The Sun.

Поранешната манекенка и нејзината сестра беа исклучително блиски.