На 8 март традиционално ги почитуваме саканите жени во нашите животи – нашите мајки, баби, сестри и пријатели. Со децении празникот е цврсто врзан за цвеќето. Но, изборот што ни го нуди срамежливо претстојната пролет, а и на сите цвеќари, може да биде прилично збунувачки.
Токму поради оваа причина, секој цвет треба да биде избран со потребното внимание. Доколку се уште се прашувате каков цвет да подарите на саканите жени, верувајте во нашата шарена „листа“ според секој хороскопски знак.
Овен
Со овој знак владее Марс, што ја објаснува неговата извонредна моќ. Бидејќи претставничките на овој знак се огнени жени, тие би биле среќни со сите цвеќиња обоени во црвената палета – лалиња, азалии, рози.
Бик
Практичните Бикови се познати не само по нивниот апетит, туку и по нивното внатрешно чувство за романса. Ако подарите цвет на дама родена под овој хороскопски знак, нека биде понежно и посензуално – крин или кала крин.
Близнаци
Во случај вашата сакана жена да е родена во знакот на Близнаци, сигурно сте свесни колку е извонредна, енергична и комуникативна. Затоа „традиционалните“ цвеќиња дефинитивно не се по нејзин вкус. Таа ќе биде воодушевена од егзотични растенија како што се антуриум или стрелитција.
Рак
Нежните Ракови се многу сентиментални и чувствителни и повеќе од се се грижат за своето семејство. Ним им требаат растенија кои создаваат хармонија. Такви се лилјаните, фрезиите и ароматните зумбули.
Лав
Вистинската Лавица сака да биде во центарот на вниманието и да се чувствува уникатно, сакано и единствено. За неа цвеќињата не се од големо значење, за тоа треба да се внимателно одбрани и оформени во буен букет.
Девица
Бидејќи се цврсто на земја, Девиците не би биле импресионирани од помпезни и скапи букети – за нив тоа е непотребно фрлање пари. Од друга страна, тие би биле пресреќни со домашно растение кое ќе ги одржува среќни во иднина.
Вага
Вагите се вистински познавачи на уметноста во сите нејзини облици. Естети во душа, не ги интересира материјалната страна на нештата, туку крајниот резултат. Обидете се да вклучите различни свежи цвеќиња во букетот.
Шкорпија
Тие се прилично критични поединци генерално, но сигурно веќе го знаете тоа. За да го стопите нивното ледено срце, барајте нешто извонредно и ретко – на пример, орхидеја.
Стрелец
Лудо активен и секогаш во движење – таква е природата на Стрелецот. За да ги израдувате со цвет, треба да им дадете нешто што е во согласност со нивната природа, односно да нема растенија во саксии. Тие ќе уживаат во свежи нарциси, миризливи зумбули и свежи дендробиуми.
Јарец
Тврдоглавите Јарци се одликуваат со завидна упорност и истрајност. Тие ја ценат стабилноста и предизвиците, што го прави тешко растечкото дрво Бонсаи совршен подарок за нив!
Водолија
Водолијата е креативно развиена личност, но во исто време и многу мирна. Тие би биле среќни со „хармонични“ цвеќиња – лалиња, рози, кали, лилјани.
Риба
Рибите сакаат да патуваат во нивните имагинарни светови – колку помалку се „на земја“, толку подобро за нив. Помогнете им да избегаат од реалноста со убави и миризливи цвеќиња.