Киднапираниот внук на Љубе Бошкоски им се доверил на пријателите – еве што им кажал пред да исчезне

Дваесет и шест годишниот Самоил Костадиновски, кој неколку дена се води за исчезнат, непосредно пред да му се изгуби трага и глас комуницирал со познаници, на кои, како што сведочат дел од нив за „Фокус“, им рекол дека „е во голем хаос“, пишува Фокус.

–Говореше дека му искочиле некакви проблеми, дека бил во голем хаос, дека дал големи пари, дека полудел. Не кажа точно за што се работи, но се надеваше дека проблемите ќе се средат – ни изјави лице што било во контакт со Костадиновски пред да исчезне, објави Фокус.

Тој е внук на поранешниот министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски, односно неговиот татко и сопругата на Бошкоски – Виолета, се брат и сестра.

Advertisements

„Како што сведочат нашите соговорници, никој од семејството нема претстава и идеја каде би можел да биде и што би можело да се случи“, пишува Фокус.