Крваревме за Заев, ДУИ владее со државата над 20 години – Максим Димитриевски за „Макфакс“

ДУИ владее со оваа држава повеќе од 20 години, влегоа со пушка, во Собранието добија поддршка, од законодавната, ја презедоа и извршната власт, па сега на ред се правосудството и Обвинителството“, изјави градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски во интервју за Макфакс.

Според кумановскиот градоначалник, ситуацијата оди во насока на измачување на граѓаните и што побргу треба да се стави крај на тоа.

Тој во интервјуто зборува и за мотото „едно општество за сите“ кое е злоупотребено откако СДСМ дојде на власт.

Advertisements

Многумина од нас крвареа за Заев и голем дел од нив денеска за жал се разочарани, изјави градоначалникот  Димитриевски.

„Верував во концептот „Едно општество за сите“. Верував дека немаме еднакво општество за сите, дека нема доволно правда, нема доволно мир во поранешниот систем на Груевски, всушност од моментот кога дојдовме на власт тоа едно општество за сите се трансформираше во едно општество на поединци коишто екстремно ги злоупотребуваа позициите коишто ги добија“, рече Димитриевски.

Тој истакна дека во периодот на локалните избори влегол во една непопуларна кампања, сам против сите, но тоа граѓаните го препознале и застанаа зад граѓанската иницијатива што победи во Куманово.

На прашањата дали имал понуди за повторен камбек во СДСМ и со кого е скаран, тој посочи дека раздорот е на идеолошка основа и не е скаран со никого, туку едноставно се бори за други вредности.