Ќе замрзне ли цената на урдата и белото сирење, освен на млекото?

Од утре се очекува да почнаат да паѓаат цените на некои производи по маркетите.

Владата на последната седница донесе одлука за укинување на царинските давачки за тестенините и за производите кои влегуваат во палетата основни прехранбени производи. Увозниците на тестенини, кои претходно побараа државата да ги укине царинските давачки, најавија намалување на цените на макарони, шпагети, лазањи за 10 до 15 отсто.

Министерот за економија Крешник Бектеши најави дека и нивната цена се замрзнува. Најверојатно на листата ќе се најдат и млечните производи, како млекото, урдата и белото сирење. Според министерот Бектеши до утре наутро ќе почека да види колку самите производители и увозници ќе ги намалат цените, а потоа со премиерот Димитар Ковачевски се очекува да информираат какви одлуки ќе донесат и кои цени ќе се замрзнат.

Advertisements

„Во комуникација сме, ги известив дека до утре ќе чекаме нивни одлуки. Во случај ако се забележи дека нема намалување ќе донесеме ние како Влада мерка. За тестенините, и со нив сме во комуникација, сами покажаа интерес и таму намалувањето ќе биде многу големо што ќе бидеме поконкурентни во регионот.“ изјави Крешник Бектеши, министер за економија.