Приведени две лица за киднапирањето на внукот на Љубе Бошкоски

Две лица се приведени и за нив се бара притвор како осомничени дека учествувале во грабнувањето на Самоил Костадиновски, внук на Љубе Бошкоски, дознава „Макфакс“.

Извори од Кривичен суд за „Макфакс“, додаваат дека осомничените се изведени пред судија, кој ќе треба да одлучи дали ќе им определи 48-часовен притвор како што побарал обвинителот кој го води случајот.

Деновиве се појавија информации дека Костадиновски е киднапиран од криминална група од Албанија и Турција во обид да се наплати долг.

Advertisements

Неговото исчезнување е евидентирано во дневниот билтен на МВР од 5 март, каде се вели дека „на 04.03.2023 во 08.00 часот во СВР Скопје, М.К.(32) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот брат С.К.(26). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.“