Артан Груби се избламира себе, а ја избламира и Македонија, за надзор на изградбата на Коридорите 8 и 10д првин избрал руска фирма, а сега кинеска, истакна на денешната прес-конференција пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, при што нагалси дека со овој избор се оди во спротивност на ставот на САД.
„Ова е единствен случај во светот каде кинеска компанија ќе контролира американски гигант, за какви криминални врски станува збор со владата на Груби и Ковачевски? Груби и Ковачевски со изборот ма ЕПТИСА одаг во целост против ставот на Американската администрација, искажан од државниот секретар Мајк Помпео при неговата посета во Охрид, кој гласи: Сакам да ве предупредам за учеството на Кина во чувствителни технологии и нивната стратегија за подмитување при обезбедување на зделки. Груби и Ковачевски и овозможија на кинеската ЕПТИСА да има увид на технологиите на БЕХТЕЛ. Дали за тоа се подмитени како што кажа државниот секретар Помпео и за тоа мора да истражи обвинителството“, рече Стојаноски.
Тој посочи дека менаџментот на ЕПТИСА од 2022 е составен од кинези и подобро е да се поништи постапката за надзорот на изградбата на коридорите.
„Надзорот над американската Бехтел во Македонија заради Груби ќе го врши кинеската ЕПТИСА, која од 2016 година е во целосна сопственост на кинеската ЈСТИ Груп, а од 2022 година целиот врвен менаџерски тим е составен од кинези, па така Шаонин Жу е потпретседател на бродот на директори на Ептиса, Чао Ванг финансиски шеф на Ептиса и Јиран Меи менаџер на Ептиса се раководниот кадар на спорната компанија за која владата иако велеше дека е криминална ја одбра за надзор на проект вреден скоро 2 милијарди евра. Груби велеше дека ова не е истата ЕПТИСА, да оваа ЕПТИСА од 2022 покрај тоа што е со целосно кинески капитал, а во целост водена од кинези, бидејќи кинез е главниот извршен директор. Не знаеме дали овие кинези на Груби му личат на шпанци, но знаеме дека го искомпромитира целиот проект и подобро е сега да се поништи постапката за надзорот и да се избере нов, отколку подоцна сите да ги платиме последиците кои може да дојдат“, рече Стојаноски.
Тој на прес-конференцијата, покажувајќи Извадок од Наврт-записник од владина седница од 9 февруари 2021 годин, праша дали заради финансиски бенефит Груби и Ковачевски, од негативна референца, односно одлука на влада дека ЕПТИСА е криминална, неетичка и несоодветна донесена во 2020 година, во 2021 година го менуваат ставот и и даваат лиценца за надзор на објекти од прва категорија, како што се железници и патишта?
„Ова е тој документ со кој владата ја прогласила ЕПТИСА за криминална. ЈО да отвори случај за изборот на надзорот, и со големо внимание да ја земе предвид и изјавата на државниот секретар на САД Помпео, кој предупредува на корупција“, рече Стојаноски.