Битиќи: Од 1,3 милијарди евра за изградба на коридорите, 650 милиони ќе завршат кај домашните компании

Со изградбата на делниците од Коридорот 8 и Коридорот 10д, домашните компании ќе инкасираат 650 милиони евра додека нашата земја добива европски, модерни автопати, изјави заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи.

При неговото гостување во емисијата „Стадион“ што се емитува на Радио Канал 77, вицепремиерот Битиќи рече дека Коридорот 8, успеавме да го ставиме во паневропските коридори, што значи за прв пат Европската Унија може да ни дава финансиски средства за изградба на патиштата за кои ние може секоја година да аплицираме.

„Во договорот стои дека 51% мора да бидат како изведувачи домашни компании, и кога договорот е 1,3 милијарди евра, тоа значи дека 650 милиони евра ќе завршат кај домашните компании“, изјави Битиќи, и појасни дека цената на изградбата на коридорите 8 и 10д ќе чини 1,3 милијарди евра, и дека во ниту една пракса, експропријацијата на земјиштето не се вклучува во тендерската документација.

Advertisements