(ВИДЕО) Ужасни снимки од автопатот кај Будимпешта: Деца бегаат од сообраќајната катастрофа, на само неколку метри горат автомобили

Автопатот М1 во близина на Будимпешта, Унгарија, каде најмалку 42 возила учествуваа во страшен верижен судар во кој беа повредени 36 лица, а едно лице е пренесено во болница со повреди опасни по живот, попладнево изгледаше како сцена од филм за катастрофа.

На едно од видеата може да се види мајка како оди со мали деца покрај патот, на неколку метри од нив насекаде има искршени автомобили. Прашината и чадот се огромни, бидејќи во верижниот судир покрај автомобили учествувале и камиони, пренесува RTL.hu.

Advertisements

На сликите се појавуваат неколку деца.

Може да се видат и остатоци од излетани автомобили, а на неколку метри горат три возила во низа. Огнот најверојатно се проширил од еден на друг.

Верижниот судир се случи рано попладне во близина на Херцегалом.

На терен за неколку минути пристигнале 70 пожарникари од 7 градови.