Ги знаеме сите соработници на УДБА – Ахмети промовира книга за распадот на Југославија што не ја прочитал

Лидерот на ДУИ Али Ахмети ја промовираше книгата „Албанската илегала-претходник на распадот на Југославија“, во која во два тома се пишува за отпорот на Албанците во поранешна Југославија.

Книгата промовирана под покровителство на Ахмети, кој кога излезе да зборува, призна дека не ја прочитал, но од тоа што го слушнал, во оваа книга се, како што рече, сите вистини за Албанците од екс Југославија. Потоа зборуваше за тоа што тој самиот преживеал и дека во времето на илегалата ги знаеле сите соработници на УДБА, јавува ТВ 21.

Advertisements

Генералите кои ни предаваа од Албанија ги знаеја и гнездата на ластовичките во касарните на Југославија и ние ги знаевме сите ластовички соработници на УДБА , кои се и секој што леташе на секој аеродром во Европа во тек на 24 часа, знаевме каде е и што прави, изјави Ахмети.

Потоа тој на Фејсбук објави и дека особена чест му било и споделувањето на тајните досиеја од, како што вели, „патриотската дејност за Ќемал Аголи, Садудин Ѓура, Тахир Хани и Адем Демачи, нивните семејства во знак на сеќавање и гордост за херојската жртва и отпорот во пресрет на репресијата на режимот.“

„Големината на тој патриотски период, денес и институционално ја документиравме преку ексклузивна публикација на факти и документи со наслов „Албанската незаконитост – претходник на уништувањето на Југославија“, и не застануваме тука, туку заедно со Институтот за духовни и Културно наследство на Албанците ќе продолжиме со други томови да ја разјасниме отвореноста на националното движење“, вели Ахмети.

Историчарот и еден од авторите на книгата, Скендер Асани рече дека тоа што го сработиле има за цел изнесување на историските вистини, како и спречување историски манипулации.

Освен Скендер Асани, други автори на книгата се Севдаиљ Демири, Миљаим Фетаи и Бесник Рамети.