Тажна вест пристигнува од Германија, каде пет лица загинаа во сообраќајна несреќа кај Карлсруе.
Од петте, четворица се фудбалери на локалниот клуб Алеманија Егенштајн.
Како што е потврдено, меѓу четирите жртви имало и двајца фудбалери, физиотерапевтка и поранешен фудбалер, сите биле на возраст од 25 до 29 години.
Официјално се огласи и фудбалскиот клуб.
„Алеманија Егенштајн е длабоко тажна поради загубата на нејзините активни фудбалери Дани Цимерер и Тим Палушко, физиотерапевтката Леони Буркарт и поранешниот фудбалер Филип Домер“.
Како што се соопштено, 25-годишниот возач изгубил контрола над возилото, по што се судрил со такси и излетал од патот.